СТАНДАРД life
МК Сцена

Елена Ристеска нападната во скопски угостителски објект

МВР во дневниот билтен објави информација за нападот кој го пријавила пејачката и поранешна македонска претставничка на Евровизија, Елена Ристеска.

„Денеска (23.10.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

Нема други детали за физичкиот напад и дали е е пронајдено пријавеното женско лице.

37-годишната Ристеска по неколкугодишна пауза најави враќање на музичката сцена. Последен настап во живо таа го одржа минатиот викенд на фестивалот Виноскоп.

 

Поврзани вести

„Кајмак“ на Манчевски освои награда и во Тирана

Urednik

Вечерва американска премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска

Urednik

„Ѕвездите на гранџот” доаѓаат во Скопје

Urednik