20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
МК Сцена

Кајмаковски гостин на концертот на Лепа Брена во Охрид

Македонскиот пејач Даниел Кајмаковски, на социјалните мрежи сподели дека ќе биде гостин на концертот на балканската ѕвезда Лепа Брена, кој ќе се одржи вечерва во Охрид.

„Толку многу песни и музика во изминативе години, а за многу генерации се’ уште најпривлечно и најинтересно звучат хитовите на Брена.
Чест ми е што таа лично ме покани да бидам гостин на нејзиниот концерт во Охрид!

Сите мои најблиски ја сакаат и почитуваат, особено мајка ми. Посебен е овој момент, повторно да ја делам сцената со Брена, права дама, единствена и по музиката и по убавината.

Не е битно каква музика слушаш и колку години имаш, Брена ја знаеш и сакаш да ја слушаш“, соопшти Кајмаковски.

Поврзани вести

Голем успех на македонската кинематографија на 82. Венецијанско биенале.

Urednik

Почина легендарниот Драган Б. Костиќ: „Патувај мирно Диско селекторе“

Urednik

Oсма меѓународна награда за „Кајмак“ на Манчевски

Urednik