СТАНДАРД life
МК Сцена

Хотел 88 премиерно во Македонија

Од својата премиера во 2017 година, претставата „Хотел 88″ стекна култен статус, не само во Белград и Србија, туку и надвор од границите на државата. Со повеќе од 500 изведби и над 100.000 гледачи, таа и понатаму го привлекува вниманието на публиката и продолжува да воодушевува. Претставата е најгледана во Србија, а сега на 30 ноември, благодарение на JЕС продукција, ќе биде изведена во Скопје, во Националната опера и балет.

Дејството на претставата се одвива во луксузен хотел, каде што две брачни двојки — Виктор и Ана, и Сандра и Марко — доаѓаат за да поминат романтичен меден месец. Но, компликациите започнуваат кога се открива дека Ана и Марко имаат бурна и романтична историја, што доведува до страсни и комични пресврти во текот на една судбоносна ноќ.

„Хотел 88″ е комедија која со леснотија ги обработува темите за љубовта, неверството и предизвиците на брачните односи. Преку смешни и неочекувани ситуации, претставата ги истражува тенките граници помеѓу страсната љубов и вистинските животни проблеми.

Со учество на врвните актери како Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ, „Хотел 88″ ветува незаборавно театарско искуство, полнo со смеење, емоции и неочекувани обрати. Оваа динамична комедија на забуни и љубовни триаголници добива на интензитет со секој нов пресврт, додека публиката ужива во одличната хемија помеѓу актерите.

Режирана со прецизност и чувство за темпо, „Хотел 88″ успева да го задржи вниманието од почеток до крај, нудејќи моменти на гласен смеа, но и емотивни интроспекции. Ликовите се прикажани со уникатен шарм и животни приказни, овозможувајќи им на гледачите да се поврзат со нив на различни нивоа.

Претставата е идеален избор за сите кои сакаат вечер исполнета со забава, смеа и романтични заплети, која ги истакнува човечките слабости на најхумористичен начин.

Поврзани вести

Кина ќе ги прикажува сите филмови на Манчевски

Urednik

Режисерката Тамара Котевска во друштво на Амал Клуни во Венеција

Radmila Tasevska

Австралиска премиера за „Јон Вардар против галаксијата” во срцето на Сиднеј

Urednik