Концертната промоција насловена „ВАСИЛ” ќе се одржи денеска 12 септември (вторник) во Куршумли Ан – Скопје со почеток во 20:00 часот, како и на 14-ти септември (четврток) во НУЦК Антон Панов – Струмица со почеток во 20:00 часот.
Концертот претставува мост на три музички жанрови: македонски песни (премиера на авторски нови композиции), балкански хитови и класични композиции. Музичкиот тим вклучува докажани реномирани македонски музичари и уметници, а како специјални гости ќе бидат: женскиот хор Св. Злата Мегленска и сценски перформанс од кореографката Сања Шутевска.
Васил заедно со тимот го подготвуваа овој музички проект повеќе од една година, и по концертите во Скопје и Струмица ја најавува неговата турнеа и во други светски метрополи.
„Влезот и на двата концерти е бесплатен, во вакви тешки времиња на кои сведочиме, музиката нека биде светлата точка и надеж за нашето подобро утре“, велат од тимот на Васил.