Македонскиот пејач Дарко Илиевски кој со прослави со шоуто „Идол“, откри дека ја загубил најважната личност и најголемата љубов во својот живот, неговата мајка.
Пејачот скршен од болка, со трогателна објава на социјалните мрежи се прости со неа.
– Драги пријатели, со голема болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато. Доколу сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате…еден ден ќе немате можност да го направите тоа! – напиша Дарко во својата објава на социјалните мрежи.
Татко му на Илиевски почина во август годинава.
„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и твојата жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша тогаш тој.
Да потсетиме, Дарко Илиевски во екот на најголемата популарност се пресели во Америка. Тој се ожени со Ивана со која има две деца, синот Матео Ноа и ќерката Ана Ирена, а со кои веќе неколку години живеат на Флорида.
