СТАНДАРД life
МК Сцена

Парлов, тату мајстор: Основата на добрата тетоважа е кога ќе се послуша артистот за изгледот на дизајнот

Секој човек има различен праг на толеранција. Јас би рекол дека има болка, но издржлива. Хигиената е на прво место, се отвара игла за секој клиент посебно и потоа истата се фрла во медицински отпад и не се употребува никогаш повторно, исто како и ракавиците и сите потребни работи што се користат за една тетоважа, вели во разговор за „Стандард лајф“ Мате Парлов, тату мајстор/артист.

Неговиот омилен стил за тетовирање е реализам (black and grey). „Уживам да тетовирам потрети каде што има повеќе детали“, истакнува тој.

На луѓето кои размислуваат да се тетовираат им препорача да не се плашат, не е воопшто ништо страшно, а доколку немаат идеја може слободно да дојдат на консултација за да им предложи идеја.

Како и секоја приказна, веруваме дека и твојата има почеток!? Како започна целата приказна, кога се појави идејата за правење тетоважи?

-Уште од мали нозе имав голема желба за уметност. Од секогаш сум бил љубител на тетоважи и имав тетоважи пред да започнам со тетовирање. Првата тетоважа што ја направив беше на мојата нога и така започна мојата приказна, од тој момент се пронајдов во тетовирањето и се до ден денес уживам додека тетовирам.

Дали си тетовирал некои познати лица и кои?

-Да, сум тетовирал познати лица : спортисти, водители (ќе ги спомнам Зорица Николовска и Ване Маркоски) инфлуенсери и сл.

Дали работиш надвор од Македонија и каде?

-Во блиска иднина не ми е во план да заминам од нашата држава, но имам тетовирано во Германија.

Кој е твојот омилен стил за тетовирање за кој би рекол дека си специјализиран?

-Мојот омилен стил за тетовирање е реализам (black and grey). Уживам да тетовирам потрети каде што има повеќе детали.

Што сакаш и што не сакаш да тетовираш и што е основата на добрата тетоважа?

-Нема нешто што не сакам да го тетовирам. Основата на добрата тетоважа е кога ќе се послуша артистот за изгледот на дизајнот.

Каков совет би им дал на луѓето кои размислуваат да се тетовираат, на што треба да внимаваат?

-На луѓето кои размислуваат да се тетовираат би им препорачал да не се плашат, не е воопшто ништо страшно, доколку немаат идеја може слободно да дојдат на консултација за да им предложам идеја.

Кога би им препорачал на луѓето да се тетовираат во текот на годината?

-Сите може да се тетовираат во било кој период од годината сакаат, само доколку е зима две до три недели пред одење во сауни, базени итн. исто важи и за летниот период.

Кои се основните разлики помеѓу добро и лошо студио за тетовирање?

-Се додека хигиената е на највисоко ниво во било кое студио тоа е добро студио.

Во неколку реченици кажи ни за болката, стерилизацијата…

-Секој човек има различен праг на толеранција. Јас би рекол дека има болка, но издржлива. Хигиената е на прво место, се отвара игла за секој клиент посебно и потоа истата се фрла во медицински отпад и не се употребува никогаш повторно, исто како и ракавиците и сите потребни работи што се користат за една тетоважа.

Најчудната тетоважа што си ја направил и дали некој се откажал на половина пат од тетоважата поради болка?

-Во моиве скоро 9 години додека тетовирам не ми се случило на половина пат да се откаже клиентот поради болка. Не можам да се сетам на чудна тетоважа што сум ја изработил, можеби нема, но секојдневно се среќам со многу интересни дизајни.

Р.Т.

Поврзани вести

Инфлуенсерот Бомбакис ќе стане татко

Radmila Tasevska

Ди-Џеј Александар Јорданов: Не се подготвувам за моите сетови, нема ништо поубаво од спонтаност

Urednik

Моќта на одржливоста – завршница на Моден Викенд Скопје (FWSK)

Urednik