СТАНДАРД life
МК Сцена

Премиерата на „Звуците на Новата година“ предизвика позитивни реакции кај децата и родителите

Синоќа во кино салата Синеплекс се одржа премиерата на новогодишниот цртан филм „Звуците на Новата година”. Биби и Боби повторно ги воодушевија децата и го украдоа целото нивно внимание. Во преполна сала со родители и деца, се слушаа радосни детски гласови, импресионирани од ликовите и содржината на филмот.

Дечињата филмот го гледаа со големо внимание, за да дознаат што се случува со звуците на Новата година, зошто ниедна мелодија не е како што треба, зошто се испревртени зборовите во сите песни во целата бесконечна вселена, а особено ги интересираше на кој начин Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1 и мистериозните чувари на Заз ќе ја спасат целата музика во универзумот.

Голема е среќата кога вашите деца целосно уживаат, а истовремено преку забава и песнички се едуцираат. Токму затоа, лавина позитивни коментари има и од родителите, кои се посебно задоволни од целата приказна и едукативна содржина на филмот.

Заслужни за ова ремек-дело се режисерите Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски кои ги позајмуваат гласовите, а за музиката се погрижи Ангел Ќосев.

Премиерни проекции на „Звуците на Новата година„ вчера имаше и низ многу други градови во Македонија.

Филмот ќе се прикажува во кино салите Синеплекс и Милениум, но исто така „Звуците на Новата година” ќе патуваат низ цела Македонија и тоа, – „3Д Кино” Битола (22, 25 и 27.12.2023), „Мис Стон” Прилеп (22.12.2023), „Дом на култура Гевгелија” (23.12.2023), „Дом на култура Свети Николе” (21, 22 и 25.12.2023), „Дом на култура Пробиштип” (26.11.2023), „Дом на култура Бограднци” (25.12.2023), „Дом на култура Охрид” (29.12.2023) и „Кино Манаки” Битола (22, 23 и 24.12.2023).

Исто така, за претстојните викенди (23.12, 24.12, 30.12 и 31.12.2023) со почеток од 12:00-16:00 часот пред кино салата Синеплекс, тимот на „Светот на Биби” подготви бесплатни IQUP работилници со детски друштвени игри, научни експерименти и уште многу други изненадувања.

„Звуците на Новата година“ – новогодишниот анимиран цртан филм од „Светот на Биби“ утревечер премиерно во Синеплекс

Поврзани вести

Тамара со коктел во раце, Тијана испружена во вода (ФОТО)

Radmila Tasevska

Лоба во секси костим за капење ужива на плажа (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Светска премиера на „Прошетка” на Венинова на фестивалот во Леувен

Radmila Tasevska