СТАНДАРД life
МК Сцена

„Ристо Шишков“ за Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“

Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав: Дарја Ризова, претседател, Мими Таневска и Иван Додовски, членови, едногласно ја доделија престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“ на актерот Јордан Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје.

Како што истакна жири-комисијата, Јордан Симонов, со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината.

Уште еден во низата на актери од ансамблот на Македонскиот народен театар ја пишува историјата на овој престижен фестивал.

Поврзани вести

„Те дуа, жими мене“ награден на филмски фестивал во Албанија

Urednik

Започнува регионален предизвик за бармени со парични награди од 30.000, 4.000 и 2.000 евра

Radmila Tasevska

Флипбук Филм Фестивал од 7-ми до 10-ти август во Кинотеката на Македонија

Urednik