СТАНДАРД life
Шоубиз

Кејт Винслет: Воопшто не разбирам што е драмата со голотија пред камери

Кејт Винслет беше добро забележана во филмот „Титаник“ од 1997 година, а освен историскиот момент и љубовната приказна, и денес се споменуваат сцените во кои таа е целосно гола.

Сепак, актерката е иритирана од ваквите прашања, особено во пресрет на новиот филм „Ли“ каде повторно ќе има секси сцени. Таа неодамна зборуваше за топлес кадрите, посочувајќи дека е непотребно да троши време на вакви прашања.

– Воопшто не разбирам што е драмата со голотија пред камери, не сакам да си ја трошам енергијата на такви работи, како и да си поставувам прашања што ќе мислат другите кога ќе ме видат топлес, открила таа за „Вог“ и потоа ја спомнала својата возраст.

– Се прифаќам себе си, мојата возраст и моето тело какви што се, па не ги замолив членовите на екипажот кои не беа директно вклучени во снимањето да го напуштат сетот кога ги снимавме голите сцени – рекла Кејт.

Инаку, актерката неодамна откри дека за време на раната кариера во Холивуд често ја прашувале за нејзината тежина на аудициите.

Поврзани вести

Мерил Стрип за прв пат во јавноста по веста за разводот; венчалниот прстен се уште го носи…

Urednik

Хју Грант: Ја мразев улогата Умпа Лумпа, но морам да работам бидејќи имам пет деца

Urednik

🎥Решена драмата: Наводниот развод на славниот пар крена бура на социјалните мрежи

Urednik