СТАНДАРД life
Шоубиз

Мерил Стрип за прв пат во јавноста по веста за разводот; венчалниот прстен се уште го носи…

74-годишната Мерил Стрип беше само една од многуте познати личности на забавата за 80-тиот роденден на Џони Мичел. На забавата пристигнала со својот 43-годишен син Хенри Волф, а вечерта ја поминала во ресторанот Smoke House во Бурбенк во друштво на Голди Хоун, Синди Лопер и Анџелика Хјустон.

Ова воедно беше нејзино прво појавување во јавноста откако го шокираше светот со објавувањето дека се разведува од сопругот Дон Гамер по неверојатни 45 години брак. Она што уште повеќе ја изненади јавноста е што сопружниците во последните шест години живееле одвоено, но вешто криеле се од медиумите.

Мерил Стрип за роденденската забава облекла црна латекс кошула и ја искомбинирала со темно сиви широки ногавици, а се заокружила со пар црни шпиц чизми. Ја пуштила косата наназад, а нејзиното лице го красеше добро познат пар диоптриски очила.

Од накит носеше само обетки од сафир, а она што на сите им падна во очи е тоа што на прстенот на прстот се уште носеше бурма, што може да биде знак дека сопружниците можеби се премислуваат за разводот.

Поврзани вести

И по 22 години брак, Пирс Броснан сè уштезаљубено гледа во неговата Кили

Urednik

Почина актерот Дејвид Гејл: Тој го играше свршеникот на Бренда во серијата Беверли Хилс

Radmila Tasevska

📽 18+ снимки од Дрејк кружат на интернет?

Radmila Tasevska