СТАНДАРД life
Храна

Палачинки „Камерон Дијаз“ – вкусна алтернатива на класичниот десерт и одличен појадок

Мери Макартни со години подготвува рецепти за холивудската елита, а во својата нова книга „Feeding Creativity: A Cookbook for Friends and Family“ носи дел од омилените јадења на познатите актерки и трендсетерки.

Помеѓу оние кои се издвојуваат како оригинални и толку лесни за подготовка, спаѓаат и палачинките „Камерон Дијаз’ – познат десерт кој се подготвува во рерна, наместо класично во тавче и е омилен на популарната актерка.

Покрај тоа, овој десерт се подготвува со овошје и е комбинација од класични американски палачинки и торта со јагоди, што го прави одличен појадок кој брзо се подготвува и е омилен на целото семејство.

Состојки:

* 2 зрели банани со средна големина
* 750 мл растително млеко
* 3 лажички јаболков оцет
* 2 лажички маслиново масло
* 2 лажички екстракт од ванила
* 360 гр брашно
* 4 лажички прашок за пециво
* 1 лажичка сол
* 1 лажичка цимет
* Грст јагоди или боровинки
* Јаворов сируп по желба (за прелив)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200ºC. Подгответе плех 30 x 40 cm со хартија за печење за тестото да не се залепи на површината.

Во сад со средна големина ставете ги излупените банани и убаво изгмечете ги со вилушка. Додадете млеко, оцет, маслиново масло и екстракт од ванила.

Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и циметот, па постепено сипете ги течните состојки во сувата смеса со постојано мешање за да добиете хомогена текстура. Добро измешајте сè заедно.

Истурете ја смесата од тестото на претходно подготвената тава и добро распоредете ја содржината за да има рамна површина.

На површината намачкајте сечкани јагоди или брусница и посипете со малку шеќер. Печете 30 минути, додека тестото не стане златно кафеаво и поматено.

Исечете 12 правоаголници, ставете одозгораПалачинки јаворов сируп и остатокот од овошјето.

На здравје!

Омилената салата на Камерон Дијаз: Совршено летно јадење

Поврзани вести

Пица која не дебелее: Лажното тесто е хит, а ова е совршениот рецепт

Radmila Tasevska

Рол – виршли ролати со сенф и кашкавал

Urednik

Направете совршени макарони и сирење и уживајте во денот

Urednik