СТАНДАРД life
МК Сцена

Skopje Tattoo Show ќе го обои градот со уметност, култура и креативност

Скопје ќе биде домаќин на втората интернационална конвенција за тетовирањеSkopje Tattoo Show 2024, која ќе се одржи на 12 и 13 октомври во Skopje Event Center.

Skopje Tattoo Show ќе биде место каде што ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето – форма на уметност која има долга историја и различни културни значења низ светотОд традиционалните тетоважи до авангардните и модерни стилови, овој настан ќе понуди по нешто за сите љубители на визуелната уметност и оние кои го препознаваат значењето на телото како платно за креативно изразување. Настанот ќе ги обедини некои од најдобрите тату артисти од регионот и пошироко, претворајќи го градот во вистинска уметничка галерија

Тетовирањето еволуираше од ниска форма на самоизразување до глобално призната форма на уметност која ги надминува границите. На годинашната интернационална тату конвенција ќе гостуваат повеќе од 50 познати домашни и странски тату артисти. Посетителите ќе можат да видат како работат овие мајстори и доколку имаат желба, ќе можат и да се тетовираат. Посетителите ќе бидат и сведоци на традиционални и современи тетоважи, неверојатна разновидост на стилови и техники како изгледа тетовирањето.

Skopje Tattoo Show 2024 ќе им понуди на посетителите и единствена можност да бидат сведоци на живи перформанси на некои од најдобрите тату артисти од светската сцена, кои ќе ги демонстрираат своите вештини и креативни способности пред публиката. Освен тетовирањето, програмата ќе биде збогатена и со одржување на работилници, семинари, воркшопови, панел дискусии и демонстрации во живокои ќе овозможат интеракција помеѓу публиката и уметниците.

Настанот е од компетитивен карактер. Двата дена ќе бидат преполни со натпревари и на самиот крај од деновите ќе се доделат награди за најдобрите тетоважи во повеќе различни категории.

Skopje Tattoo Show 2024 нема да биде празник само за очите, туку и за ушите. Покрај тетовирање, на конвенцијата ќе има и музички настапи, за кои ќе бидат задолжени THCF, Fire Show, Sarah MaceMario ArsovOky Doky, Soul Case, BazelMongo & Omaru, Vaso, Chvare, Shorty P, Flooder и Pole People.

Поврзани вести

„Литература.мк“ и „Џез ФМ“ радио носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

Radmila Tasevska

Тактилни слики во Спомен куќата на Тодор Проески

Radmila Tasevska

Шарла Рекордс продолжува со одбележување на 10-годишнината од своето постоење со нова концертна промоција

Urednik