СТАНДАРД life
МК Сцена

„Te Dua, Жими Мене“ со награда за Најдобар игран филм на фестивалот „SoundScreen“

Филмот „Te Dua, Жими Мене“ на режисерот Маријан Гавриловски доби награда за најдобар игран филм на фестивалот SoundScreen во Равена, Италија.

Премиерата на филмот се случи 22 септември во киното „Синеплекс“, а филмот игра на редовен кинорепертоар во Скопје и низ Македонија.

По премиерата, Гавриловски во интервју за „Стандард лајф“ изјави дека фидбекот од публиката е одличен.

-Кога после премиерата видов стотици гледачи како излегуваат со насмеани лица знаев дека филмот искомуницирал со гледачите, ни изјави режисерот.

Комедијата како жанр, како што вели тој и како што токму е „Te Dua, Жими Мене“, недостасува на домашната сцена.

-Мислам дека и публиката е заситена од филмови со „патење“, додаде Гавриловски.

Поврзани вести

🎥Дани Димитровска го претстави својот најнов сингл „Заедно”

Urednik

📽️ Sarah Mace and The Girlzz ја започнуваат празничната магија со „Нека Трепка“

Urednik

Заврши IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show: Македонија седма светска сила во хип-хоп и стрит денс

Urednik