СТАНДАРД life
МК Сцена

Уметност без граници: Skopje Tattoo Show ќе ја слави индивидуалноста и креативноста

Скопје денеска и утре (12 и 13 октомври) ќе биде домаќин на Skopje Tattoo Show 2024, настан што ќе ги обедини најдобрите тату артисти од Македонија, регионот и пошироко. Второто издание на оваауникатна тату конвенција ќе се одржи во Skopje Event Center, каде што во текот на два дена ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето, со што главниот град ќе се претвори во платно на креативноста, индивидуалноста и страсната уметност на тетоважите.

На годинашната интернационална конвенција за тетовирање ќе гостуваат повеќе од 50 познати домашни и странски тату артисти, а посетителите ќе имаат можност да видат како тату уметниците ги претвораат телата во вистински уметнички дела на кожата. Со свои уникатни стилови и техники, артистите ќе креираат неверојатни тетоважи, од реалистични портрети до апстрактни дизајни, претставувајќи го својот креативен потенцијал.

Skopje Tattoo Show 2024 ќе им понуди на посетителите и единствена можност да бидат сведоци на живи перформанси на некои од најдобрите тату артисти од светската сцена, кои ќе ги демонстрираат своите вештини и креативни способности пред публиката. Освен тетовирањето, програмата ќе биде збогатена и со одржување на работилници, семинари, воркшопови, панел дискусии и демонстрации во живо. Овие активности ќе овозможат интеракција помеѓу публиката и уметниците, создавајќи уникатна атмосфера за учење и размена на искуства.

Овој настан претставува и одлична можност за сите кои размислуваат да се тетовираат, бидејќи ќе можат лично да се консултираат со професионалци и да се запознаат со најновите трендови во светот на тетоважите. Skopje Tattoo Show не е само настан за тетоважи, туку претставува еден вид празник на уметноста, индивидуалноста и креативноста.

Skopje Tattoo Show ќе има и натпреварувачки карактер, а жирито составено од реномирани експертиќе додели награди за најдобрите тетоважи во повеќе различни категории. Покрај тетовирање, конвенцијата ќе биде збогатена и со музички настапи, за кои ќе бидат задолжени THCF, Fire Show, Sarah Mace, Mario Arsov, Oky Doky, Soul Case, Bazel, Mongo & Omaru, Vaso, Chvare, Shorty P, Flooder и Pole People.

Поврзани вести

Тамара со коктел во раце, Тијана испружена во вода (ФОТО)

Radmila Tasevska

ДНК најавија нов музички проект со Врчак (ФОТО)

Radmila Tasevska

Во БиХ започна снимањето на филмот „Павилјон“ со македонска копродукција

Urednik