СТАНДАРД life
МК Сцена

Арсовски за стариот „Леб и сол“: Нешто исчезна меѓу нас во 2007 година, недостасува магија

Доајените на југословенскиот џез-рок, македонската група „Леб и сол“ вечерва ќе настапат во белградскиот клуб „Запа база“ и ќе изведат инструментален концерт. Скопскиот бенд во различни композиции опстојува од 1974 година. Сегашниот состав е ист од 2007 година и го сочинуваат Димитар Божиков – гитара, Кокан Димушевски – клавијатури, Бодан Арсовски – бас и Михаил Парушев – тапани.

– Последен пат свиревме во Белград во 2008 година, во Сава Центар на промотивниот концерт за албумот „I taka nataka…“ помина одлично, но одамна не сме биле таму и многу сакав да го направам тоа, вели за српска „Нова“ Бодан Арсовски, басист на групата „Леб и сол“ и големо име во југословенскиот и македонскиот рокенрол.

Во април 2006 година, бендот се собра за да ја прослави својата 30-годишнина. Влатко Стефановски го напушти тимот во 2007 година, а останатите членови во новиот состав продолжуваат со работа.

– „Леб и сол“ мораше да ја продолжи својата приказна, институцијата продолжи да работи. Ова е новиот „Леб и сол“, но истиот принцип, истиот ентузијазам, истото се – вели Арсовски.

Тој објаснува дека на концертите ги изведуваат сите познати песни од првиот до последниот албум. Тука се: „Марија“, „Деветка“, „Јовано Јованке“,„Абер дојде Донке“…

Сепак, бендот „Леб и сол“ публиката најмногу го поврзува со Влатко Стефановски. Тој не е во овој состав, ниту првиот тапанар Гарабет Гаро Тавитјан.

– На иницијатива на претседателот на Северна Македонија, на 26 јули, првата постава на „Леб и сол“ доби Орден за заслуги за животно дело. Тогаш се видовме по многу години и добро се сложувавме. Сепак, освен од претседателот на републиката, нема иницијатива за повторно обединување на првобитната постава. Нешто исчезна меѓу нас во 2007 година. Недостасува магија – искрен е басистот.

„Леб и сол“ беше еден од најпопуларните бендови во поранешна Југославија, кој направи големи турнеи низ целата земја.

– Во сите комбинации бевме меѓу најдобрите, бидејќи бевме автентични. Имаше неколку групи кои свиреа таква музика. Тоа беше време на еуфорија, кога се сакаше музиката и се околу неа. Сега рок музиката стана елитистичка, не е за секого. Царува народна и инстант музика со лажни емоции. Има многу песни кои не значат ништо, тоа е општо затапување во светот, додава Арсовски.

Поврзани вести

Дина Јашари има нова песна: Не сум твој сон

Urednik

Нино Леви стана пензионер

Radmila Tasevska

„Те дуа, жими мене“ награден на филмски фестивал во Албанија

Urednik