СТАНДАРД life
Здравје

Пушењето за време на бременоста е многу поштетно за бебето отколку што се мислеше, но што е со кофеинот?

Нова студија покажа дека пушењето е двојно поштетно за здравјето на бебето отколку што се мислеше, додека кафето и чајот немаат толку негативно влијание.

Пушењето и големи количини на кофеин (повеќе од две шолји инстант кафе дневно) досега се поврзуваа со зголемен ризик од компликации во бременоста, предвремено породување и ретардација на феталниот раст.

Но, новата студија спроведена од Универзитетот во Кембриџ не најде докази дека натпросечниот внес на кофеин за време на бременоста е поврзан со предвремено раѓање или послаб раст на бебето. Оние жени кои пушат за време на бременоста, покажаа резултатите од тоа истражување, имаат три пати поголем ризик од предвремено раѓање од непушачите.

Како што пишува „Гардијан“, дополнително е откриено дека за бебињата чии мајки пушеле за време на бременоста, има четири пати поголеми шанси да бидат мали за нивната гестациска возраст, поради што би можеле да имаат проблеми со сериозни компликации како што е проблеми со дишењето и разни воспаленија.

Оваа студија, објавена во International Journal of Epidemiology, ги испитуваше метаболитите на пушењето (котинин) и кофеинот (параксантин) во примероците од крв од повеќе од 900 жени кои учествуваа во студијата за предвидување на исходот на бременоста помеѓу 2008 и 2012 година. Истражувачите ги анализираа нивоата на котинин и параксантините пронајден во крвта во 12-та, 20-та, 28-та и 36-та недела од бременоста и соодветно ја класифицира изложеноста на жените на пушење и конзумирање кофеин.

Иако не е докажано дека кофеинот предизвикува предвремено породување, тоа не значи дека трудниците сега можат да пијат големи количини еспресо. Претходните истражувања покажаа дека многу високиот внес на кофеин е поврзан со поголем ризик од спонтан абортус и перинатална смрт.

„Ги проучувавме само жените кои имаат натпросечно ниво на метаболити на кофеин, но не и оние кои пијат екстремно високи количини на кофеин. Затоа, овие резултати не сугерираат дека треба да ги менуваме тековните препорачани количини на кофеин (до две шолји дневно)“, рече шефот на Одделот за акушерство и гинекологија на Универзитетот во Кембриџ, професор Гордон Смит.

Друга студија од Универзитетот во Есекс неодамна покажа дека бремените жени имаат двојно поголем ризик од спонтан абортус доколку тие или нивните партнери ја загубат работата.

Повеќе од четири кафиња на ден се штетни за здравјетo

Поврзани вести

🎥 Гастроентеролог го откри појадокот со 4 состојки што го јаде секој ден

Urednik

Зошто не е добро да ги триете очите, особено веднаш штом ќе се разбудите? (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Ова овошје треба сите да го јадеме почесто, одлично влијае на целокупното здравје

Radmila Tasevska