СТАНДАРД life
МК Сцена

(ВИДЕО)Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември

Третата интернационална сезона на забавно-културната манифестација, одново ќе ја изненади домашната и регионалната публика, со богата ревиска програма. Модни ревии, уметнички перформанси, музички настапи и гала забава претставуваат само дел од годинешниот уникатен концепт.

Скопски моден фестивал три дена ќе ја слави модата во метрополата, на нова урбана локација – центарот за настани PURE Night Club во градскиот парк, каде под блесокот на рефлекторите од 28 до 30 септември, последните колекции и дизајнерски дострели пред илјадниците гости и посетители, на сцената ќе ги прикажат низа македонски и странски учесници, под закрила на маркетинг агенцијата MAX Management Inc. Официјалната ревиска програма ќе се одвива во четврток, петок и сабота од 18:30 до 22:30 часот.

Трите заштитни лица на третата сезона се интернационалните модели Аинура Јементајева, Тами Петковска и Кристина Велковска од Моделс Ин. Организаторите традиционално изработија најавно видео и едиторијални фотографии, инспирирани од среќната лото тројка и боите на ноќта, во соработка со дуото Frozen Time Drops. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска. Извршен продуцент е Милан Атанасов, креативен директор на фестивалот.

Девојките носат комбинации на ексклузивни креации од познати и еминентни имиња на нашата модна сцена: Билјана Каран, Ивана Кнез, KTN, La Maison Cece T. и Христијан Младеновски. Кошулите, од друга страна, го навестуваат пристигнувањето на брендот Сербез, чија деби колекција премиерно ќе се лансира и внесе освежување на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. Чевлите и чантите се од мултибренд понудата на N Fashion, додека сребрениот накит е од Noel Jewelss.

За шминката е заслужно Moe Studio Dadar, а за фризурите се погрижи Social Hair Salon. Официјални партнери за шминка и убавина на настанот се FABUspot, застапени со премиум брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Burberry, Clarins, Estée Lauder, Shiseido и Foreo. Официјални партнери за фризура и нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Revlon Professional, Glynt и Reuzel.

По година и половина од првото издание, односно две одржани сезони, Скопски моден фестивал може да се пофали со бројка на учесници од над 40 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 100 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 15.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот. Кои се главните протагонисти и што ќе донесе „среќната тројка“ на Skopje Fashion Festival, целата јавност ќе дознае веќе од оваа седмица, а особено во живо на 28, 29 и 30 септември во клубот PURE.

Поврзани вести

Гарванлиев: Најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија

Urednik

Тактилни слики во Спомен куќата на Тодор Проески

Radmila Tasevska

Lincoln Letter го објави спотот за новата песна Skull and Bone

Urednik