СТАНДАРД life
МК Сцена

🎥Нова песна на Љубојна во дует со Бранислав Николов

Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонијаа во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината”, во дует со Бранислав Николов.

„Врати ми ја тишината” е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца” во соработка и дружба со Фолтин. Видеоклипот е документиран во живо на сесиите во Studio Wave и во „Театар Комедија”.

Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски. Вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов, а музичарите се: Оливер Јосифовски (акустична и бас гитара), Бојан Петков (укулеле) и Александар Секуловски (удиралки).

Поврзани вести

Дина Јашари продолжува со освојување на европските музички сцени

Urednik

(Фото+видео) Емотивната Калиопи ѝ го честиташе роденденот и пензионирањето на својата сестра Корнелија: „Мојата преубава…“

Urednik

Премиерата на „Звуците на Новата година“ предизвика позитивни реакции кај децата и родителите

Urednik