СТАНДАРД life
Секс и врски

Како да продолжите понатаму со личноста која ве повредила?

Не постои лесен начин да се зборува за изневерување и нема магичен метод што може да ја обнови довербата. Неверството остава горчлив вкус во устата, создава несигурност и гнев, а многумина се прашуваат дали воопшто вреди да се спаси таква врска.

Но, ако вашиот партнер ја презел одговорноста за своите лоши постапки, можеби треба да му дадете уште една шанса. Сепак, на крајот одлуката е само ваша, само вие знаете како се чувствувате.

Повторното воспоставување доверба е долг и тежок процес кој бара работа од двајцата партнери. Како да се постигне тоа?

1. Не ги сфаќајте лично постапките на партнерот

Лутината е нормална реакција по дознавање за некоја афера, а понекогаш има и чувство на вина.

Можеби се чувствувате како да сте правеле или кажале работи кои го „однеле“ вашиот партнер до друга личност. Можеби се прашувате дали сте требале да смените нешто за да спречите измама. Вистината е дека изневерувањето може да се случи без оглед на состојбата на врската.

Исто така, неверните партнери треба да преземат одговорност и да не ја третираат аферата како ваша вина.

Дури и ако чувствувате дека има работи на кои можете да поработите, не можете да го правите тоа додека носите товар што не е ваш.

Персонализирањето на постапките на партнерот не е здраво за ниту еден од вас. Префрлањето на вината ја отстранува обврската за преземање одговорност, која е клучна.

2. Бидете нежни со себе и одберете да гледате напред

Како што споменавме претходно, мислењето дека аферата на партнерот е ваша вина е погрешно; тоа е форма на самоказнување.

Кога ќе дојде до вакво предавство, доаѓа и до губење на довербата, но не само во партнерите… почнуваме да се сомневаме во себе.

Запомнете дека интимноста, ранливоста и заедничките искуства се основата на секоја емотивна врска, а скршената доверба може да ги разниша тие основи до нивната срж. Бидете нежни кон себе во овие моменти.

Простувањето мора да значи заборавање. Ако простите – не смеете постојано да го обвинувате партнерот за она со што ве повредил. Не можете да ги лекувате раните додека го терате да ја чувствува болката што вие ја чувствувате. Тоа е гледање назад, а вие сакате да одите напред.

Поврзани вести

Три тајни: Вака ќе станете ненадминливи во сексот

Urednik

Најголемите машки стравови во љубовта

Radmila Tasevska

Гласно и јасно: Шест знаци дека вашиот сексуален живот не функционира

Urednik