СТАНДАРД life
Секс и врски

Која е идеалната разлика во години за успешна врска?

Според новото истражување, разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу две лица.

Врската во која едниот партнер е значително постар или помлад сè уште предизвикува контроверзии, а има многу примери на славни парови кои сведочат за тоа.

Иако секогаш има исклучоци, истражувањето спроведено од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите тие да раскинат.

Истражувањето, во кое беа опфатени 3.000 испитаници, покажа дека паровите со пет години разлика имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние на иста возраст. Интересно е тоа што таа бројка скокна на 39 отсто за парови со 10-годишна разлика во возраста.

За оние со 20-годишна разлика во возраста, истражувањето предвидува 95 отсто шанси за раскинување.

Која би била идеалната разлика во годините?

Научниците веруваат дека најмали шанси да раскинат имаат парови со разлика од само една година, односно само три проценти.

„Оваа разлика во годините гарантира дека имате заеднички интереси со вашиот партнер и веројатно ќе ви овозможи подобра комуникација“, вели експертот за односи Дејвид Бенет.

Секако, експертите се согласуваат дека не треба слепо да се водите од ова правило бидејќи некој може да биде помлад/постар, а потоа повторно да изненади со (не)зрелост и однесување. Дозволете ова само да ве води кон некој со кој можете да создадете квалитетна врска.

Поврзани вести

Како се однесува жена на која и недостига секс?

Urednik

Како да се зачува бракот? Дознајте 5 тајни на долготрајна љубов

Radmila Tasevska

Секс на поинаков начин: Мали промени – големи придобивки

Urednik