СТАНДАРД life
Секс и врски

Анализа на над 160 милиони пребарувања утврди кои трендови во сексот ќе ја одбележат 2024 година

Со анализа на повеќе од 160 милиони пребарувања, Google откри пад и раст на повеќе од 100 трендови во сексот во последните пет години и со тоа откри какви се овие предвидувања за 2024 година кога станува збор за интимните односи.

Сексуалните преференции се менуваат од година во година и се под влијание на многу фактори. Податоците кои ја покажуваат промената на афинитетите „во кревет“ беа под големо влијание на Instagram и TikTok и помладата генерација.

Податоците покажуваат дека помладите генерации кои растат во дигиталниот свет им вртат грб на конвенционалните романси и бараат нешто поотворено и послободно.

Така, Gooning, што се однесува на постигнување долгорочна возбуда преку сензорно преоптоварување и хипноза, е на врвот на оваа листа, додека некои стари трендови речиси изумреа. Исто така, се наведува дека врските во кои се вклучени три лица ќе бидат голем тренд во 2024 година.

Изминатиов период се зголемени пребарувањата за терминот „Gooning“, а се попопуларен е и таканаречениот термин „Femboy“ кој го користат помладите генерации за млади мажи кои покажуваат традиционално женски карактеристики.

Сè попопуларен е и трендот „Thirst Trap“, кој се однесува на објавување разголени фотографии, како оние во бикини или од теретана, каде луѓето нагласуваат одредени делови од телото.

Сепак, интересно е што во 2024 година се предвидува и „Throuple“ – тренд кој вклучува консензуален однос меѓу три лица.

Некои од техниките во сексот кои често се пребаруваат на интернет е „Rub“, која се користи за намерно одложување на оргазмот за да се продолжи сексуалното задоволство.

Нешто помалку познатиот тренд „Findom“ ќе добие популарност во 2024 година. Тоа е врска каде финансиската доминација е фетиш во кој покорната личност станува задоволна кога дава пари и подароци на подоминантната личност во врската. Овој фетиш не бара директна врска, а може да се одвива и на интернет.

Постои и техника „Shibari“ (на сликата), односно форма на јапонско врзување со јаже, кое остава необични траги на телото.

Поврзани вести

Експертите откриваат: Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Radmila Tasevska

Која е идеалната разлика во години за успешна врска?

Urednik

Кој период од денот е најдобар за секс?

Radmila Tasevska