Сексуалниот однос е важен и составен дел од секоја врска и дополнително ги зближува партнерите. Но, секој има денови кога не е расположен за секс од различни причини, а жените понекогаш не се искрени со партнерите.
Еве некои од најчестите изговори со кои жените се служат за да избегнат секс со партнерот.
Уморна сум
По напорниот работен ден, понекогаш тешко е човек да се препушти на страста и уморот е сосема прифатлива причина за избегнување на сексуалниот однос. Но, доколку ова го користите само како изговор и го правите често, партнерот нема да ви верува кога навистина ќе бидете уморни.
Имам менструација
Оваа оправдана причина жените некогаш ја користат и ден пред или после месечниот циклус како изговор, бидејќи знаат дека партнерот нема да им бара доказ.
Морам да се разбудам рано
И ова е добра причина за избегнување секс бидејќи тешко функционираме кога не сме доволно наспани. Но, доколку често го користите овој изговор, можно е ова да укажува на некои подлабоки проблеми во вашата врска.
Ме боли главата
Овој класичен изговор го искористила секоја жена, а изговорот „ме боли главата“ стана толку клише што ретко кој маж верува во него. Доколку не ве боли главата, туку едноставно не сте расположени за секс, подобро е да бидете искрени со него.
Може подоцна?
Уште еден класичен изговор кој жените често го користат кога не се расположени за секс е неговото одложување за подоцна, што обично не се случува, а на повеќето мажи тоа им е јасно.