СТАНДАРД life
Секс и врски

Сексот никогаш не смее да биде тивок: За поголемо задоволство и подобра акција, треба да ги испуштате овие звуци

Доколку сакате да го зголемите уживањето на себе и на партнерот, треба да испуштате одредени звуци за време на сексот, советува Памела Мадсен, советничка за жени кои имаат проблеми со љубовните врски и сексот. Таа вели дека повеќето жени го следат правилото за време на сексот – „тивко и брзо“, што е погрешно. Производството на звуци е нешто што има магичен ефект врз чувството на задоволство.

– Размисли за тоа. Дали некогаш сте кажале „њамм“ пред да почнете да јадете одлично јадење? Дали ви го зголеми задоволството од јадењето? Може да се обложувате дека да! Затоа го правиме тоа. Кога пуштаме звуци, всушност предизвикуваме сензуално задоволство што тече низ целото тело. Размислете за звукот како во областа за задоволството! Производството на звуци на задоволство го буди нашето тело, па дури може да биде почеток на нашата еротска возбуда – вели Памела.

Еве уште неколку нејзини совети на таа тема:

1. Експериментирајте со секси звуци уште пред да се почувствувате возбудени. Тоа може да биде ржење, предење или кој било друг звук што прави да се чувствувате секси. Обидете се да го направите звукот што го правите како почеток на еротско искуство, а не само нуспроизвод. Следете што се случува и како се чувствувате.

2. Внимавајте дали звуците како да доживувате оргазам дополнително го возбудуваат вашиот партнер за време на водење љубов. Се обложувам дека се возбудливи! Имено, ваквите звуци можат да бидат охрабрувачки за вашиот партнер бидејќи – секс звуците се секси!

3. Испуштањето секси звуци ни помага да излеземе од главите и да влеземе во телото. Тоа е нешто како да се каже „ом“ за време на медитација. Тоа го смирува нашиот ум и не тера да престанеме да размислуваме. Во сексот сè се сведува на чувствата, па испуштањето секси звуци ви помага да останете подолго во моментот на еротска поврзаност.

4. Обидете се да испуштате секси звуци за време на мастурбацијата. Внимавајте како звучи и како влијае на чувството на возбуда. Дури и обидете се да произведувате звуци слични на оние на оргазмот уште пред почетокот на мастурбацијата. Опуштете се и одморете си затоа што никој не може да ве види или слушне. Тоа е истражување на светот на задоволството и нема ништо лошо во тоа, пишува Huffington Post.

Поврзани вести

Изгледа среќно, но ова се сигурни знаци дека жената одглумила оргазам

Urednik

2 причини зошто на жените по 40-тата не им е лесно да најдат љубов

Urednik

Кој период од денот е најдобар за секс?

Radmila Tasevska