СТАНДАРД life
Секс и врски

Што е лош секс?

Кога станува збор за секс, повеќето луѓе се задоволуваат со помалку од она што се смета за „најдобар можен секс“. Па. што е лош секс? Ако сме задоволни на крајот од врската, сексот веројатно и не бил толку лош, но не може така лесно да се зборува за него. Ако сексот не е насилен и ако партнерот не бил „млак“ – повеќето ќе речат дека било „во ред“.

Жалбите за лошиот секс најчесто се слушаат од партнерите кои се во врска подолго време. Жените велат дека мажите брзаат со работите, не им обрнуваат доволно внимание во желбата да ја задоволат ниту физички, ниту психички. Друга замерка е што самата врска не трае долго, иако ќе слушнете и дека не е добра кога трае предолго.

Мажите, пак, се незадоволни бидејќи нивните партнерки немаат доволно ентузијазам и често се ’отсутни‘. Сите парови генерално имаат слични проблеми кога е сексот во прашање. Сепак, можеби најголем дел од вината е кај мажите, бидејќи се чини дека доколку малку повеќе внимавале на забелешките на партнерките и поправаат некои работи, би имале и поголем ентузијазам и би се потрудиле повеќе да се вклучат во самата сексуална врска; се разбира обратното веројатно ќе го има истиот ефект.

Бидејќи сексот е толку индивидуална работа, не може да се даде јасна дефиниција за лош секс. Можеби, за почеток, дека лоша сексуална врска е онаа во која еден од партнерите се чувствува лошо после тоа. Но, таквиот секс не може да биде добар ниту за другиот, бидејќи – кој е задоволен ако види партнер во депресија.

Така, можеби може да се заклучи дека лошиот секс е чин по кој се чувствуваат знаци на пораз и тага, а не среќа и задоволство, пишува Женски магазин.

Поврзани вести

Крвната група ги крие НАЈДОБРИТЕ ЉУБОВНИЦИ

Urednik

Дали вашиот партнер е вистинскиот? 5 клучни знаци дека не е!

Urednik

Кога на жените им здосадува сексот со партнерот?

Urednik