СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥Урнебесна реакција на Рајан Гослинг по освојувањето на наградата на Critics Choice

Сезоната на филмски награди е во полн ек, а љубителите на филмот уживаат гледајќи го сиот овој гламур, а особено како нивните омилени актери и актерки и нивните проекти добиваат награди. Вчера во Barker Hanger во Санта Моника, Калифорнија се одржаа популарните „Critics Choice Awards“, а меѓу победниците повторно се најде филмот „Barbie“.

Покрај тоа што розовиот филм ја доби наградата за најдобра комедија, наградена е и песната ‘I’m Just Ken’ од филмот.

Песната за тажниот живот на Кен, кој никогаш не може да го достигне местото што го заслужува во светот на Барби, исто така носи различни значења, а вредноста на овие заразни текстови ја препознаа и критичарите на Американско-канадското друштво (ЦЦА) и ја награди песната со победа во категоријата најдобра песна.

Меѓутоа, кога се прочитало дека песната ја добила наградата, изведувачот на песната и ѕвезда Рајан Гослинг не можел да поверува.

Неговата урнебесно збунета реакција набрзо стана вирална, а изгледа дека ќе стане и меме.

@dailymail Ryan Gosling's hilarious confused reaction to his Barbie track I'm Just Ken winning Best Song at the Critics Choice Awards went viral on Sunday. #fyp #imjustken #ryangosling #criticschoiceawards #meme ♬ original sound – Daily Mail

Поврзани вести

Бен Афлек и Мет Дејмон обвинети поради вознемирување и закани за силување

Urednik

Тери Гилијам сака да работи со еден од најконтроверзните актери на денешницата

Urednik

Трогателни сцени пред домот на Метју Пери: Фановите и пријателите му оддадоа почит на актерот (ФОТО)

Radmila Tasevska