СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Џо Манганиело објави слика со својата нова девојка по разводот со Софија Вергара

Актерот Џо Манганиело конечно официјално ја потврди врската со Кејтлин О’Конор на Инстаграм, неколку дена откако тие наводно почнале да живеат заедно. 47-годишната ѕвезда на Меџик Мајк сподели фотографија за Денот на вљубените со актерката.

Пред објавата на Манганиело, ТМЗ откри дека парот се преселил заедно. Извор рече дека Манганиело и О’Конор (34) се „многу заљубени“ и се врзуваат за нивните корени од Питсбург и страста за патување. Кучето Баблс на Манганиело исто така „ја одобри Кејтлин“.

За потсетување, романсата на ова дуо доаѓа по разводот на Манганиело со колумбиската ѕвезда Софија Вергара, кој беше финализиран претходно овој месец. Ѕвездата на Modern Family во едно неодамнешно интервју откри дека раскинале затоа што тој сакал деца, а таа не.

Поврзани вести

„ТРАЧАЊЕ“ НА ЗЛАТНИОТ ГЛОБУС: Видеото стана вирално – го озборуваа актерот кој донесе СТАРЛЕТА на доделувањето!

Urednik

Хајди Клум за сексуалниот живот со 17 години помладиот сопруг: „Поминуваме часови во спалната соба“

Radmila Tasevska

(ФОТО) Тажни слики од Бритни Спирс откако го потврди разводот

Urednik