СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥Мини Драјвер: Мет Дејмон ми раскина пред Оскарите и дојде со друга девојка

Познатата актерка Мини Драјвер се отвори за врската со Мет Дејмон и откри зошто изгледала „тажно“ кога му бил врачен Оскар во 1998 година. Дејмон го освои Оскарот за Најдоброто оригинално сценарио за „Good Will Hunting“, во кој глумеше заедно со Мини.

Видеото од наградата неодамна стана вирално на социјалните мрежи, а некој коментираше дека Мини изгледа многу тажно. Таа одговори дека е скршена. „Мет ја прекина нашата врска неколку недели пред ова и беше на Оскарите со својата нова девојка… Бев скршена. Посакувам да можев да прославувам повеќе бидејќи тоа беше неверојатен момент за сите нас и за овој прекрасен филм”, напиша таа.

Мини и Мет беа во врска од 1997 година, а раскинаа бидејќи Мет на Опра кажа дека нема девојка. „Бев со Мини некое време, но веќе не сме во врска, само сме навистина добри пријатели. Ја сакам многу“, изјави тој тогаш.

„Жално е што Мет отиде кај Опра. Се чинеше како добра публика за него да објави на светот дека повеќе не сме заедно, што мислев дека е фантастично несоодветно“, изјави Драјвер во 1997 година.

Минатиот месец таа се отвори за нивната врска со Entertainment Tonight, опишувајќи ја како „слатка љубовна врска“. „Тоа беше само слатка романса и само слатка љубовна врска во центарот на вниманието, но имаше бурен крај, кој потоавлезе во фокус“, рече таа.

Дејмон моментално е во брак со Лусијана Баросо, со која се ожени во 2005 година. Заедно имаат три ќерки – Изабела, Гиа и Стела. Драјвер е свршена со Адисон О’Ди и има син, Хенри, со поранешниот Тимоти Џеј Лео.

Поврзани вести

Ѕвездата на „Вил и Грејс“ се разведува по 26 години брак

Urednik

Бритни Спирс целосно гола го прослави историскиот успех на својата книга (ФОТО)

Radmila Tasevska

Адел конечно ги потврди шпекулациите? Во шоуто на нејзиниот пријател изјавила дека неодамна се омажила

Radmila Tasevska