СТАНДАРД life
Шоубиз

Анџелина Џоли ја отвори душата: „Шест месеци пред разводот добив Белова парализа“

Анџелина Џоли во своето последно интервју, кое го даде за Wall Street Journal, призна дека ако треба да избере што ќе прави во животот, никогаш немала да стане актерка.

Можеби би размислувала за театар, но никогаш повеќе не би избрала живот и кариера во Холивуд.

„Денес не би ја одбрала работата актерка. Кога почнав, немав никакви очекувања, ниту мислев дека се ќе биде толку јавно, што ќе морам да споделувам толку многу“, ја започна својата исповед Анџелина Џоли за Wall Street Journal.

Како што рече, повеќе од две децении поминати под толку интензивен јавен интерес го направија своето, а се се засили по разводот со Бред Пит, кога стана мета на таблоидите.

Таа призна дека сето тоа и предизвикало толку голем стрес што во 2018 година, за време на снимањето на продолжението на Дизни „Господарка на злото 2“, забележала дека нејзиниот глас целосно се променил од моментот кога за прв пат ја снимала Малифисент.

„Моето тело реагира на стрес, ми се зголемува шеќерот во крвта, а шест месеци пред разводот одеднаш добив Белова парализа“, признала и дека додека живеела во Лос Анџелес, немала социјален живот.

Таа откри дека на крајот планира да го напушти Лос Анџелес засекогаш и да помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа. „По разводот ја изгубив можноста да живеам и слободно да патувам. Ќе се преселам кога ќе можам, бидејќи од сите места во светот, Холивуд е најнездраво место за живеење.’

А потоа зборуваше за своите шест деца – Медокс (22), Пакс (20), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15) – откривајќи дека тие не се само нејзини деца, туку и нејзини најдобри пријатели. .

„Ние сме седум различни луѓе и тоа е нашата сила. Моравме да се излечиме. Има работи од кои моравме да се излечиме“.

Идеален за работа: Анџелина Џоли воодушеви со минималистички стајлинг со хит чевли

Поврзани вести

Кралот Чарлс реши: Принцот Хари не може да се врати

Radmila Tasevska

Дуа Липа: Поради моето искуство со Косово, разбирам низ што минуваат луѓето во Газа

Radmila Tasevska

Кање Вест и забрани на девојката социјални мрежи

Radmila Tasevska