СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Објавени нови фотографии на Хоакин Феникс и Лејди Гага од сетот на вториот дел на Џокер

Режисерот Тод Филипс објави нови фотографии од сетот на Joker: Folie à Deux, продолжението на хитот „Џокер“ од 2019 година, кој заработи повеќе од 1 милијарда долари.

Филипс ги објави фотографиите на својот Инстаграм профил во празнична честитка за своите фанови. Првата фотографија го прикажува Хоакин Феникс во улогата на главниот јунак Џокер, кој е во својата затворска ќелија. На втората фотографија можеме да ја видиме Лејди Гага која во филмот ја игра љубовницата на Џокер – Харли Квин.

Филипс ги објави првите слики од сетот претходно оваа година. Во февруари првпат ја видовме Лејди Гага како Харли Квин, а во април, по завршувањето на снимањето, ги видовме Лејди Гага и Феникс во главните улоги.

Филмот Џокер го следеше Артур Флек (Феникс), човек кој сонува за кариера како стенд-ап комичар, и постепената деградација на неговото ментално здравје, што предизвикува тој да се сврти кон криминален живот.

Заплетот на новиот филм се уште не е познат, но потврдено е дека Зази Бец, која во првиот филм ја играше сосетката на Артур, ќе ја репризира нејзината улога.

Заедно со Гага, Феникс и Биц, во филмот ќе глумат Брендан Глисон, Кетрин Кинер, Џејкоб Лофланд и Хари Лоти.

Joker: Folie à Deux доаѓа во кината на 4 октомври 2024 година.

Поврзани вести

📸 Том Круз се дружеше со принцот Вилијам, изгледот на актерот привлече внимание

Radmila Tasevska

📸 Селин Дион се појави на Греми наградите

Radmila Tasevska

📸 Лицето на Меган Фокс ги шокираше обожавателите: „Нејзиниот лекар треба да биде обвинет“

Radmila Tasevska