СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Фризурата на Мајли Сајрус на Греми наградите стана вирален хит

Мајли Сајрус привлече внимание со фризурата на Греми наградите. 31-годишната пејачка се одлучи за прилично драматичен изглед кој се состоеше од фустан од златна мрежа од Maison Margiela и штикли од Christian Louboutin.

Таа сето тоа го зачини со обемна фризура која многумина ја споредуваа со фризурите на ѕвездите во 1980-тите.

„Дали е ова Мајли или Курт Расел?“, „Таа се обидува да ги врати 80-тите во мода?“, „Изгледа како да ја удрила струја пред црвениот тепих“, коментираат на социјалните мрежи, додека други ја пофалија храброста на Мајли.

Мајли Сајрус го освои своето прво Греми, за песната Flowers.

Поврзани вести

По Либан и Кувајт, и Алжир го забрани филмот „Барби“

Urednik

Шаја Лебеф станува ѓакон

Urednik

Хју Џекмен се заљубил со позната (и омажена) холивудска убавица?

Urednik