Кристина Агилера неодамна ги шокираше своите обожаватели појавувајќи се во совршена форма откако стана јасно дека ослабела речиси 20 килограми од својата тежина.
43-годишната пејачка ја покажа својата извајана фигура за време на нејзиниот прв концерт во Лас Вегас, кој се одржа на 30 декември минатата година. Интересно е што таа го покажа својот нов изглед откако пред некое време изјави дека „мрази да биде супер слаба“ и дека ги сака своите нови облини. Многумина побрзаа да се посомневаат дека Кристина ги должи своите извајани форми на новата опсесија меѓу популарните дами – лекот „Оземпик“. Се препишува на дијабетичари, а негов несакан ефект е токму симнувањето на вишокот килограми. Сепак, Агилера е категорична дека нејзината тајна е здрава, урамнотежена исхрана и строг режим и сет на вежби.
Ако пред години се држеше да јаде главно овошје и зеленчук, денес претпочита да не се ограничува, туку се потпира на чисти производи и храна и ги избегнува слатките искушенија.
Покрај тоа, пејачката се труди да биде што е можно поактивна, инвестирајќи во разни тренинзи со професионален инструктор за да ја одржува формата. Затоа наизменично менува јога, бокс, за сила и кардио тренинзи, кои ги прави помеѓу два и пет дена во неделата, во зависност од нејзините професионални обврски.
Во 2008 година, нејзиниот тренер откри за списанието „Гламур“ дека Агилера вежбала „до осми месец бремена, а потоа почнала повторно неколку месеци по раѓањето на нејзиниот син Макс“.