СТАНДАРД life
Шоубиз

📽 Леонардо ди Каприо беше воодушевен од веста од Хрватска, ја сподели со милиони

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на социјалните мрежи сподели видео за Хрватска и зборуваше за проблем со кој се справува земјата.

Познато е дека актерот се залага за зачувување на природата, а во видеото зборувал и за загрозените школки кои биле пронајдени во Јадранското Море.

„Научниците открија млада група загрозени џиновски школки во близина на брегот на Хрватска во Јадранското Море. Популацијата на благородната школка, која може да порасне и до 120 сантиметри, се намалува откако смртоносен патоген го погоди видот во 2016 година. Истражувачите се надеваат дека ќе ги вратат школките кои играат важна улога во одржувањето на здрави подводни екосистеми“, се вели во објавата на Washington Post climate coverage споделена од Ди Каприо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio)

Видеото брзо собра речиси 60.000 лајкови, а обожавателите од Хрватска воодушевено му одговорија на Ди Каприо во коментарите.

„Нашата прекрасна Хрватска. Ова е навистина убаво, поздрав од Хрватска“, гласеше еден од коментарите.

Поврзани вести

📷Сите се согласуваат дека ова е најпредизвикувачкиот изглед на Хали Бери: Дали навистина така излегла?

Urednik

Инвестира во недвижност вредна 35 милиони евра: Горан Бреговиќ уловен на аеродромот во Белград, се качил во автомобил од 100.000 евра

Urednik

Семејството ја исполни неостварената желба на Пери: „Сакаме да го почитуваме неговото наследство“

Urednik