СТАНДАРД life
Шоубиз

Аријана Гранде и Далтон Гомез официјално поднесоа барање за развод

Светската ѕвезда Аријана Гранде и нејзиниот сопруг Далтон Гомез официјално поднесоа барање за развод. Тие беа во брак две години, а гласините за развод започнаа во јули оваа година.

Аријана ги избриша сите свадбени фотографии од Инстаграм, а многу брзо почна да се гледа со актерот Итан Слејтер, пренесе TMZ.

Немаше да биде чудно ако Итан веќе не беше оженет, а брзо се раширија гласини дека тој и Аријана Гранде започнале врска додека и двајцата се уште биле во брак. Така, наводно, решила да се разведе од сопругот кога се заљубила во Итан, а набрзо и тој поднел барање за развод од сопругата.

„Моето семејство е само колатерална штета. – изјавила сопругата на Итан, Лили на оваа тема за „Page Six“, пренесе „The Sun“.

Аријана и Итан не ги коментираа овие гласини, а како што пренесува TMZ, пејачката наводно прво поднела барање за развод преку нејзината адвокатка Лаура Васер во понеделникот. Како причина беа наведени непомирливите разлики. Набргу потоа, адвокатот на Далтон, наводно, исто така поднел барање.

Поврзани вести

Почина актерот Андре Браугер

Urednik

Линда Евангелиста изненади со изјавата дека не е во врска повеќе од 5 години, ниту пак сака да биде

Urednik

📸 Канје ја снимал сопругата облечена во костим од латекс, луѓето пишуваат: „Како да не е вистинска“

Radmila Tasevska