СТАНДАРД life
Шоубиз

Џејми Фокс и се извини на еврејската заедница за антисемитскиот пост

Американскиот актер Џејми Фокс и се извини на еврејската заедница за објавата на Инстаграм која некои ја критикуваа како антисемитска.

Toj oбјавил на Инстаграм, а потоа ја избришал пораката: „Го убија овој човек по име Исус…Што мислиш дека ќе ти направаттебе ???!“ кој заврши со хаштагови #fakefriends и #fakelove.

Зборот „тие“ се толкува дека се однесува на еврејскиот народ, а историски антисемитизмот е поврзан со верувањето дека Евреите се одговорни за смртта на Исус, пренесе CNN.

„Сакам да и се извинам на еврејската заедница и на секој што беше навреден од мојата објава. Сега знам дека мојот избор на зборови беше навредлив и се извинувам. Тоа никогаш не ми беше намерата. Да бидам јасен, бев предаден од лажен пријател и тоа е она што јас подразбирав под „тие“, ништо повеќе. Немам ништо друго освен љубов во моето срце за сите. Ја сакам и поддржувам еврејската заедница. Моето најдлабоко извинување до секој што беше навреден“, напиша Фокс.

Поврзани вести

Пропадна уште едно пријателство на Меган Маркл?

Urednik

Расел Бренд ги моли фановите за пари: „Претворете ја моралната поддршка во финансиска поддршка“

Urednik

🎥Објавен трејлерот за Furiosa: A Mad Max Saga

Urednik