СТАНДАРД life
Шоубиз

Џорџ Клуни за Метју Пери: „Улогата во „Пријатели“ не му донесе ниту среќа, ниту мир

Холивудскиот актер Џорџ Клуни (62) се сети на својот пријател Метју Пери и неговата улога во хит серијата „Пријатели“, пишува Page Six.

Тој откри дека Пери отсекогаш сакал да добие улога во ситком, што ќе го направи најсреќниот човек на светот. Во серијата „Пријатели“, Пери го играше Чендлер Бинг.

Но, поради неговите зависности, Клуни вели дека страдал.

– И тој доби улога, една од најдобрите. Но, тој не беше среќен. Тоа не му донесе радост, среќа или мир – изјави Клуни.

Подоцна актерот раскажал како соработувале, но не знаел низ што поминува Пери.

– Знаевме само дека не е среќен и немавме поим што прави. Не знаевме за 12-те Викодин апчиња што ги земаше на ден и за сите други работи што ги призна, сето тоа е срцепарателно“, рече Клуни.

Тој додаде дека парите и успехот не гарантираат среќа, што може да се види од примерот на животот на Метју Пери.

– Мора да сте задоволни со себе и од својот живот – заклучил тој.

Тој се присети како се запознале тој и Пери. Вели дека заедно играле тенис, а го познавал од 16 години и биле долгогодишни пријатели

Поврзани вести

Хали Бери го финализираше разводот, но мора да плати вртоглава алиментација

Urednik

Џеки Чен се игра себеси во нова акциона комедија

Urednik

Вуди Ален: „Би сакал да снимам филм во Њујорк ако некој е доволно луд да ме финансира“

Urednik