СТАНДАРД life
Шоубиз

(Фото) Кејт Мидлтон изненади со изгледот на последното појавување: Облечена во најмодерната боја на сезоната, сите коментираат исто

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја посетиле болницата „Черинг Крос“ во Западен Лондон за да ја поддржат работата на волонтерите на британската Национална здравствена служба (НХС). Принцезата и принцот од Велс разговарале со персоналот и изгледале одлично расположени.

За оваа пригода, Кејт блескаше во бордо костум, кое го комбинирала со кошула во истата боја, додека принцот Вилијам изгледал одлично во бела кошула, црна вратоврска, џемпер и палто. Многумина коментирале дека принцезата од Велс не изгледала подобро долго време.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TOWN&COUNTRY (@townandcountrymag)


Да потсетиме, на Кејт Мидлтон ѝ беше дијагностициран рак во јануари 2024 година, а не сакаше јавно да зборува за видот на карциномот со кој се бореше. По дијагнозата, таа беше подложена на хемотерапија до септември истата година.

Кејт, која официјално ги продолжи своите кралски должности во октомври истата година, објави дека е во ремисија минатиот јануари. Сега, по хаотичниот и тежок период кој го обележа борбата со ракот, идната британска кралица наводно развила соодветна рутина за велнес базирана на свесност и медитација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Извор од палатата ексклузивно изјавил за „Радар онлајн“: „Кејт целосно го прифати тоа. Таа секогаш се грижела за своето здравје, но ова изгледа посмислено – тоа е нешто само за неа.“

Поврзани вести

Натали Портман за нејзината прва улога: „Деца не треба да работат во Холивуд“

Urednik

Хари Стајлс ги покажа стомачните на бродот, но и тетоважата посветена на бившата

Urednik

Рамбо стигна во Ватикан: Сталоне со семејството на прием кај папата

Urednik