35.8 C
Скопје
11 септември, 2026
СТАНДАРД life
Фото: Gage Skidmore / Flickr
Шоубиз

(Фото) Сите зачудено гледале во неа, не личи на себе: Што се случило со лицето на Шерон Стоун?

Кога холивудската ѕвезда Шерон Стоун зачекорила на црвениот тепих, сите гледале само во неа, а причината не бил нејзиниот совршен стајлинг. За оваа пригода, таа одбрала асиметричен фустан со смел прорез кој ги истакнал нејзините вити нозе, а сето тоа го надополнила со впечатливи чизми со животински дезен и бунда која само ја наметнала преку рамениците.

Што се однесува до модните експерти, таа заслужила чиста десетка за овој стајлинг. Сепак, сите присутни зборувале само за нејзиното лице кое изгледало значително поинаку и помладо во споредба со нејзиното претходно појавување. Затегнато, без брчки, со нагласени јаболчници, речиси совршено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Штом фотографиите биле објавени, веднаш следела лавина коментари. Многумина се прашуваат дали Шерон го променила мислењето кога станува збор за естетската хирургија. Таа со години важеше за една од ретките холивудски ѕвезди кои се залагаат за природен начин на стареење, па ова издание на актерката збуни многумина.

На социјалните мрежи се појавија бурни реакции речиси во истиот момент. Додека едни ја фалеле нејзината фигура и храбриот стајлинг, други се фокусирале исклучиво на нејзиното лице, тврдејќи дека актерката очигледно направила фејслифтинг.

„Ова не е истата таа Шерон што ја познаваме“; „Лицето ѝ е комплетно затегнато“; „Непрепознатлива е, како друга личност.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

Поврзани вести

Се огласи поранешната љубовница на Дејвид Бекам за скандалот помеѓу Бекамови и синот: Еве кого поддржа!

Urednik

Ана де Армас го откри своето правило за убавина кое може да ги налути мајките и бабите

Urednik

Дали Свифт повторно ќе го поддржи Бајден на изборите? Тој вели дека тоа е „доверливо“

Radmila Tasevska