СТАНДАРД life
Фото: Принскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Видео) Апсењето го пренесувале во живо: Ѕвезди на ОнлиФенс исфрлени од авион

Две ѕвезди на ОнлиФенс биле исфрлени од авион на „Американ ерлајнс“ и уапсени затоа што биле пијани и одбивале да се преместат од прва класа на своите места.

Инцидентот се случил на 9 јануари на меѓународниот аеродром во Мајами, а целата ситуација (вклучително и нивното апсење) ја споделиле на социјалните мрежи.

Санја Бланшард (34) и Џордан Лантри (31) биле во Мајами за да го прослават роденденот на Џордан. Според полицискиот извештај, стјуардесата повеќепати ги замолила да ги напуштат местата во прва класа и да седнат на своите места, но тие одбиле.

Кога ги прашале дали имаат карти за влез во авион, едната од нив рекла: „Не, немаме. Очигледно сме пијани и вие не сакате да си имате работа со нас“. Во друго видео, додека седат на седишта од прва класа, Бланшар вели: „Погледнете нè, ​​изгледаме како милион долари“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ONLY in DADE (@onlyindade)


Лантри објавила видеа од расправијата со екипажот на авионот на Инстаграм. Ѕвездите на ОнлиФенс исто така објавиле видео каде што може да се слушне како ја навредуваат стјуардесата.

Откако одбиле да излезат од првата класа, персоналот на компанијата „Американ ерлајнс“ ја повикал полицијата, наведувајќи дека патничките одбиваат да го напуштат авионот. Видеото, кое подоцна завршило на социјалните мрежи, ги прикажува полицајците како ги испраќаат од авионот.

„Ме исфрлаат затоа што не седнав на вистинското седиште“, викала Бланшар, облечена во црвена тренирка со натпис „Психо“. Во исто време, Лантри направила шпага на подот од аеродромот и дофрлила: „Извинете, само морав малку… малку јога“, додека полицајците ја кревале.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @lacey_jayne


Тие исто така објавиле и видеа од терминалот пред да се качат – на кои се гледаат како стојат на раце, танцуваат и се возат на куферите.

Бланшар и Лантри биле обвинети за прекршок за нелегално влегување/престојување по предупредувањето и биле однесени во притворниот центар „Тарнер Гилфорд најт“. По нивното ослободување, тие се фалеле со своето апсење на социјалните мрежи и ги објавиле своите фотографии од апсењето пред стотици илјади следбеници.

„Погодете што направивме“, напишала Бланшар. Во друга објава напишале: „Бевме на одмор, завршивме на условна казна. Виновни сме што сме иконски.“

Потоа, тие лансирале и линија на производи со свои полициски фотографии, вклучувајќи шолји за кафе. Следниот ден, се вратиле на аеродромот и се качиле на друг лет на „Американ ерлајнс“. „@AmericanAir ни прости затоа што сме згодни и знаеме како да правиме шпага“, напишала Лантри.

 

 

 

Поврзани вести

Најголема поддршка: Ѕвездата од „Опенхајмер“ повеќе од 20 години сака таинствена Ирка

Urednik

Адел по осум години во Европа: Препродавачи продаваат билети за неверојатни суми

Radmila Tasevska

Ким Кардашијан и нејзината мајка поднесоа тужба за клевета против Реј Џеј поради обвинувања за рекетирање

Urednik