СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Татко по осми пат! Марк Ентони и младата мис го чекаат второто заедничко дете

Познатиот пејач Марк Ентони (57) и неговата 31 година помлада сопруга, поранешната мис Парагвај, Надја Фереира, открија дека го очекуваат своето второ дете. Двојката ја сподели среќната вест денеска преку заедничка објава на Инстаграм, а по повод третата годишнина од бракот.

„Среќна трета годишнина! Каков голем подарок ни подари животот. Бог е голем. Маркито ќе стане голем брат“, напишаа тие во описот на фотографијата.

На објавената фотографии, нејзините и рацете на Ентони и нивниот син Марко се ставени врз нејзиниот труднички стомак.

 


Покрај синот Марко, Марк Ентони е татко и на уште шест деца од претходни врски. Со поранешната партнерка Деби Росадо ги има ќерката Аријана (31) и синот Чејс (28). Со поранешната сопруга Дајанара Торес ги има синовите Кристијан (25) и Рајан (22), додека со поранешната сопруга Џенифер Лопез ги има близнаците Ема и Максимилијан (17).

Гласините за врската меѓу Марк Ентони и Надја Фереира започнаа на почетокот на 2022 година, откако беа забележани заедно во Мексико Сити. Својата врска официјално ја потврдија во март истата година со заедничка фотографија на Инстаграм.

Три месеци подоцна ја објавија свршувачката на забава во ресторанот „Секси фиш“ во Мајами, а на 28 јануари 2023 година се венчаа на гламурозна церемонија во истиот град, на која присуствуваа бројни познати личности.

 

Поврзани вести

Ќе се снима „Бриџит Џонс 4“

Radmila Tasevska

📷Џенифер Анистон покажа божиќни украси во својата луксузна палата

Urednik

Американска актерка задоволна од сексот со 72-годишен маж: „Одлично е, но не се случува често“

Radmila Tasevska