СТАНДАРД life
Шоубиз

Ќе се снима „Бриџит Џонс 4“

Се подготвува четвртиот филм од романтично-комичната сага за Бриџит Џонс, при што главната улога повторно ќе ја толкува Рене Зевлегер. Продукцијата почнува овој мај во Лондон, Велика Британија.

Насловната хероина, во третиот дел од пред осум години, дозна дека е бремена и се обидува да открие кој е таткото… Продолжанието ја прикажува Бриџит Џонс во улога на мајка.

На крајот на последниот филм, таа одлучи да се омажи за Марк Дарси (ликот на Колин Фирт). Новиот филм е заснован на романот на Хелен Филдинг од 2013 година „Бриџит Џонс: Луда за момчето“, во којшто Бриџит, како новопечена самохрана мајка, се обидува да најде рамнотежа меѓу воспитувањето мало момче и интернет-страниците за запознавање и дружење. Тоа значи дека ликот на Фирт е убиен во воените виори на Источна Африка.

Но, според сегашните првични податоци, во четвртиот филм повторно ќе се појават и Фирт и Хју Грант кој го глуми ликот Даниел Кливер.

Поврзани вести

Џулија Робертс откри зошто никогаш не се согласила да се соблече пред камерите

Urednik

(Фото) Најубавата празнична фотографија: Меган и принцот Хари ги покажаа децата во божиќната честитка

Urednik

Почина актерот Андре Браугер

Urednik