Бритни Спирс беше фотографирана вчера во Окснард, Калифорнија, а тоа се нејзините први фотографии по веста дека се разведува од Сем Ашгари по 14 месеци брак.
Познатата пејачка среде ноќ отишла да земе храна во придружба на нејзиното обезбедување.
Носеше кратки панталони и стар џемпер кој беше обвиткан преку едното рамо, додека не носеше градник, па изгледаше малку разбушавено и мрачно.
Да потсетиме, Бритни и нејзиниот 12 години помлад партнер, како што објави „Дејли Мејл“, имале голема расправија поради гласините дека Спирс имала вонбрачна врска.
После тоа беше објавено дека фитнес тренерот поднел барање за развод само за да извлече пари од Спирс.
Таа објави дека се разведува на Инстаграм додека игра. Покрај тоа, таа напиша опширна порака и им се заблагодари на своите најблиски за поддршката „која ја чувствува телепатски“, и додаде дека е прилично шокирана што на нејзината долгогодишна љубов и дошол крајот.