Холивудската актерка Џесика Алба ужива на плажите во Мајами откако официјално се разведе од Кеш Ворен. Актеркта беше фотографирана на плажа во минијатурно бикини, покажувајќи ја својата завидна фигура, додека страсно се бакнуваше своето 11 години помладо момче, актерот Дени Рамирез, објавија странските медиуми.
View this post on Instagram
И покрај тоа што се разделени две години, Џесика Алба (44) и Кеш Ворен (47) го финализираа разводот дури минатиот петок. Судските документи поднесени од Ворен, во кои имаше увид американскиот портал „ТМЗ“, покажуваат дека поранешните сопружници нема да си плаќаат алиментација еден на друг.
Сепак, Ворен ќе добие исплата од 3 милиони долари за да се изедначи поделбата на имотот. Алба ќе ја плати на две рати од по 1,5 милиони долари – едната сега, а другата за една година. Поранешната двојка се венча во 2008 година и имаат три деца заедно: ќерките Онор (17) и Хејвен (14) и синот Хејс (8).
Алба, по разводот продолжи понатаму во својот љубовен живот со актерот Дени Рамирез (33). Минатиот месец, таа беше видена како се бакнува со ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“ во текот на одморот во Мексико, а неодамна го прослави и разводот со него прегрнувајќи се и бакнувајќи се на плажа во Мајами.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, Ворен беше забележан на состанок со 25-годишната манекенка Хана Сун Доер во август 2025 година. Филмскиот продуцент и неговата многу помлада партнерка се држеа за раце и прегрнуваа додека се упатуваа на вечера во познатиот ресторан „Беверли Хилс“.
