СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото+видео) Позаљубени од кога било! Новак и Јелена Ѓоковиќ прегрнати на улиците на Милано

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара деновиве престојуваат во Милано, каде што ги гледаат Зимските олимписки игри.

Видно расположениот Новак на својот профил на Инстаграм објави серија фотографии од прошетка со сопругата, покажувајќи колку уживале во заедничките моменти. Сопружниците ги усогласиле своите модни комбинации, двајцата облечени во светли фармерки и патики, додека расположени и среќни позирале за Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Новак не крие колку уживал во ова патување, па напишал кратка порака заедно со фотографиите и видеата:

„Неколку магични денови. Гледање злато на студ“, напишал тој.

Ноле истакнал дека многу се забавувале на ова патување и дека носат многу спомени од Милано.

Заедно со сопругата Јелена, синот и ќерката Стефана и Тара, тој бил пред познатата „Дуомо“. Новак и Јелена биле прегрнати, а Тара ги фотографираше. Ѓоковиќ го посетил и музејот посветен на Зимските олимписки игри, каде што ја фотографирал значката со знамето на поранешна СФРЈ.

 

Поврзани вести

(Видео) Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ уапсен во Турција: „Завршив во полиција, ова возило ме зеде“

Urednik

📸 Бен Афлек и Џенифер Лопез во друштво на Џенифер Гарнер и децата: Актерот присуствуваше на настан заедно со поранешната и сегашната сопруга

Radmila Tasevska

Викторија Бекам се уште не е подготвена да и го признае ова на својата ќерка

Urednik