Хрватската мис Универзум одлично се забавува на светскиот избор за убавина и стекна многу нови пријателки. Нејзиното видео со Мис Казахстан Дана Алмасова на тема нивната разлика во висината насмеа многумина.
View this post on Instagram
Хрватската мис Лаура Гњатовиќ (23) неодамна се најде во вирално видео со Дана Алмасова (21), Мис Казахстан. Видеото ги воодушеви многубројните следбеници низ целиот свет, а беше истакната нивната шега за разликата во висината.
„Почувствувајте ја нашата разлика во висината“, се пошегувале Лаура, висока 191 см, и Дана, висока 170 см во видеото. Нивната симпатична и духовита објава се прошири на бројни фан-страници на светскиот избор за Мис Универзум.
View this post on Instagram
Инаку, двете убавици се наоѓаат на Тајланд, каде што на 21 ноември ќе се случи светскиот избор за Мис Универзум.
Лаура е највисоката кандидатка за оваа година, неодамна се појави и видео како се мачи со пренискиот таван. Во интервју за „Индекс.хр“ таа признала дека не секогаш ја сметала висината за предност.
– Долго време мислев дека сум во погрешна рамка. Не се вклопував во фотографиите од класот, не можев да позајмам туѓи фармерки, а момчињата ме гледаа како столб за улично осветлување. Сега ми е смешно кога се сеќавам дека како дете знаев како да пребарувам на интернет: „Како да се запре растот“. Сега го гледам тоа како огромна предност и не би го променила. Мојата висина е одлична – освен сега кога ќе се заглавам со круната на главата за некој таван – се пошегувала убавата Лаура.
Таа е многу дружељубива, а фотографиите и видеата откриваат дека често се дружи со своите конкурентки. Нејзината цимерка е мис Гвајана.
View this post on Instagram
