На светска премиера на бајковитиот мјузикл за деца „Вонка“, заснован на романот на Роалд Дал „Чарли и фабриката за чоколади“, се собра целата филмска екипа во Лондон, предводена од Тимоти Шаламе во улогата на Вонка, а тука беше и Хју Грант кој го отелотвори зајадливото и сурово мало човече Умпа Лумпа, а исто се покажа и пред печатот.
Додека Шаламе потпишуваше автограми еден час, Грант се обрати на печатот и рече дека снимањето на овој филм е „апсолутно ужасно искуство“ за него.
„Не можев повеќе да ја мразам целата работа“, рече Грант, кој најмногу се одрази на процесот на снимање. Имено, додека го глуми половина метар високиот Умпа Лумпа, работник во фабриката за чоколади на Вонка, режисерот Пол Кинг користел специјална технологија за снимање на движење за да го намали неговото тело, па актерот морал да носи специјален костум и камера на главата.
„Тоа беше како круна од трње, многу непријатно. Направив голема врева поради тоа. Навистина го мразев тоа снимање. И искрено, се што му направив на моето тело беше ужасно и сето тоа беше заменето со анимација”, додал тој. По прилично незгодна тирада, тој беше прашан дали на крајот се исплати сета таа напорна работа, а тој одговори: „Не баш“, што предизвика рафална смеа кај неговите колеги.
„Немам ништо против Вонка и Кинг конкретно, но веќе некако мразам да снимам филмови, но бидејќи имам многу деца, ми требаат пари и морам да работам“, рекол актерот.
Актерот за прв пат стана татко на педесет години, а во следните осум години доби пет деца со две сопруги.
Хју Грант е инаку познат по неговиот типичен британски хумор, остар и саркастичен, што беше главниот адут за да се добие улогата на Умпа Лумпа.
„Во романот Чарли и фабриката за чоколади, Умпа Лумпа се неверојатно саркастични, осудувачки и сурови, па кога размислував за ликот, сфатив дека единствената личност што може да отслика таков лош газда е Хју“, рече режисерот Пол Кинг.