СТАНДАРД life
Шоубиз

Семејството не се одвојува од Брус Вилис, откриени НОВИ ДЕТАЛИ за здравствената состојба на актерот

Семејството на Брус Вилис (68) е со него додека се бори со деменција. Актерот од „Умри машки“ деновите ги поминува со сопругата Ема Хеминг, поранешната сопруга Деми Мур и петте деца.

„Кога на Брус му беше дијагностицирана, сите се собраа за да го задржат сеќавањето на неговото семејство недопрено“, изјави извор за „Us Weekly“.

„Сите се таму цело време. Ова искуство уште повеќе го зближи целото семејство. Никој не знае колку време му преостанува на Брус, па секој момент го впиваат со него“, додал изворот.

Тој, исто така, откри како „сè се врти околу“ Вилис и дека имал „многу повеќе лоши денови отколку добри“ во последните неколку месеци. Друг извор додаде дека актерот „има 24-часовна грижа, но барем еден член од семејството е секогаш со него“.

Вилис, исто така, поминува време со својата внука Луета, која неговата ќерка Румер ја пречека во април.

„Румер сака Луета да го запознае Брус. Таа сака тој да биде активно вклучен во животот на Луета. Тоа е многу посебен однос“, рекол изворот.

Вилис ги има ќерките Румер (35), Скаут (32) и Талула (29) со Деми Мур (61), со која беше во брак од 1987 до 2000 година.

Актерот ги има и ќерките Мејбел (11) и Евелин (9) со Хеминг (45). Брус и манекенката се венчаа во 2009 година и ги обновија заветите на 10-годишнината, непосредно пред да бидат откриени здравствените проблеми на Вилис.

Да потсетиме, неговото семејство во март 2022 година објави дека му била дијагностицирана афазија и дека „ќе ја напушти кариерата која толку многу му значела“. Тоа е состојба која може да влијае на говорот на една личност, вештините за разбирање и способноста за пишување, според Клиниката Мајо.

Потоа, во февруари, семејството сподели дека неговата состојба се влошила со „сурова“ дијагноза на деменција. Оттогаш, семејството е собрано за секој празник за да уживаат во времето заедно.

Брус Вилис целосно уништен од болестa! Не може повеќе да зборува!

Поврзани вести

Мадона го прослави 65-тиот роденден

Radmila Tasevska

Емили Блант за улогата што ја одби и поради која изгуби 80 милиони долари: „Најдобрата девојка ја доби“

Urednik

📷Никој не е толку добар како неа: Жешки игри на брановите со убавата Хајди Клум

Urednik