СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Шок во Холивуд: Жена тврди дека е биолошка мајка на Мајли Сајрус, ја родила на 12 години

Американскиот кантри музичар Били Реј Сајрус остро реагираше на обвинувањата на Џејми Ли, жената која во судска постапка тврдеше дека е биолошка мајка на неговата ќерка, поп-ѕвездата Мајли Сајрус.

Во соопштението објавено по поднесувањето на тужбата, Сајрус ги нарече нејзините тврдења лажни и апсурдни.

Според британскиот портал „Дејли мејл“, Ли поднесе тужба во мај тврдејќи дека ја родила Мајли кога имала само 12 години, а потоа наводно склучила „приватен договор за посвојување“ со Били Реј и Тиш Сајрус – мајката на Мајли.

Во документите, таа навела дека ѝ било ветено дека ќе може да го избере името на детето и дека ќе работи како дадилка и учителка по пијано на Мајли.

Во тужбата, семејството Сајрус е обвинето за „прекршување на договор, измама и лажно претставување, намерно предизвикување емоционална болка и незаконско мешање во родителските права“.

Таа, исто така, тврдела дека Били и Тиш прекинале секаков контакт со Мајли откако се родила ѝ се заканиле дека ќе ја пријават во полиција.

Ли побарала надгледувано ДНК тестирање за мајчинство и татковство, како и преиспитување на законитоста на наводното посвојување.

Нејзиното барање за судење беше одбиено уште во октомври, а како што објавува „Дејли мејл“, ситуацијата стигнала до конечен заклучок на почетокот на декември. На 5 декември, судот трајно ја отфрли тужбата, пресудувајќи во корист на Били Реј Сајрус. Адвокатот на пејачката потврди дека судот, исто така, наложил Сајрус да биде надоместен за судските трошоци и адвокатските хонорари. Били Реј, кој побара сите тврдења на Ли да бидат отфрлени во поднесувањето од 20 ноември, ја опиша тужбата како обид за „малтретирање на него и неговото семејство“, нагласувајќи дека обвинувањата се „целосно лажни и апсурдни“.

Били и Тиш имаат три деца заедно, додека тој ги посвои децата на Тиш од претходниот брак.

Двојката се разведе во 2022 година по речиси 28 години брак.

Поврзани вести

Ова е најдобриот знак дека врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид е многу сериозна

Urednik

Некој го хакирал X профилот на Метју Пери

Radmila Tasevska

Веста дека Еминем починал предизвика хаос на социјалните мрежи

Radmila Tasevska