СТАНДАРД life
Храна

Пуслици полнети со чоколадо: Божиќен рецепт што секој може да го направи

Пуслиците се популарен десерт во многу европски земји. Тоа е француски десерт направен од изматени белки, шеќер и малку лимон.

За Божиќ во Романија се јадат таканаречени сендвичи од пуслици, кои се комбинираат со сочен чоколаден крем и со додавање на малку мелени лешници.

За овој десерт не ви се потребни многу состојки – само малку трпение и време. Можете да го направите и дома доколку ги следите нашите совети.

Состојки:

* 145 гр бел шеќер
* 50 мл шлаг
* 50 гр темно чоколадо
* 20 гр препечени лешници
* 2 јајца
* 1 лажичка сок од лимон

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 120 Целзиусови степени.

Покријте го плехот со хартија за печење и оставете го на страна.

Одделете ги жолчките од белките. Искористете ги жолчките за друг рецепт, а белките со миксер претворете ги во густ снег.

Во белките постепено додавајте шеќер и сок од лимон додека состојките не се соединат.

Добиениот снег префрлете го во кеса за пециво и исцедете мали количини од смесата на хартијата за печење. Од оваа смеса можете да направите околу 20 пуслици со пречник од 3 сантиметри. Ако некој врв „стрчи“, нежно стискајте го со прст кој сте го натопиле во ладна вода.

Печете ги пуслиците во загреана рерна околу 40 минути. Потоа исклучете ја рерната, оставете ја вратата подотворена и оставете ги колачињата дополнително да се изладат и исушат.

Направете го филот:

Загрејте го кремот за шлагот во помал сад и прелијте го врз ситно сечканото чоколадо. Топлината на кремот ќе го стопи чоколадото. Добро измешајте ги двете состојки.

Добиениот крем намачкајте го помеѓу две пуслици и украсете се заедно со малку сечкани лешници.

Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.

Префрлете ги пуслиците во чинија за сервирање и послужете.

На здравје!

Поврзани вести

Како да направите мозаична торта?

Radmila Tasevska

Потпечен ориз: Ручек за целото семејство

Urednik

Сочен колач со прелив од портокал

Radmila Tasevska