СТАНДАРД life
Шоубиз

И Шерон Стоун веќе не ја крие седата коса

Шерон Стоун (65) секогаш привлекува внимание со своите модни комбинации, а во „statement“ капутот и панталоните со храбар, жирафен дезен, дефинитивно беше забележана.

Ѕвездата на „Казино“, која ги инспирира љубителите на модата од сите возрасти, во последното модно издание повторно покажа дека модата за неа е игра.

Смел животински дезен кој не е за секого се покажа како одличен избор за познатата русокоса која се прослави со улогата во „Ниски страсти“, а изгледот го комплетираше со класични парчиња како бела кошула и кожени сандали.

Русокосата убавица стајлингот го заокружи со внимателно одбрани детали како „statement“ ланче и ефективни наочари, шминката беше многу природна, додека кратката фризура ги откри нејзините седи влакна и на тој начин им се придружи на многуте колешки како Енди Мекдауел, Гвинет Палтроу, Хелен Мирен…

Поврзани вести

Том Круз изнајмил цел кат од ресторан за романтична вечера со фаталната Русинка

Urednik

Натали Портман за нејзината прва улога: „Деца не треба да работат во Холивуд“

Urednik

Моника Белучи покажа што се случува зад камерата на снимање: Со неа е новиот партнер (ВИДЕО)

Radmila Tasevska