СТАНДАРД life
Шоубиз

„Ја имав најубавата кариера, неверојатна“: Елтон Џон го одржа последниот концерт од својата проштална турнеја

Елтон Џон официјално ја заврши својата светска турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ во Стокхолм, по 333 претстави и речиси пет години.

Настапувајќи во „Tele2 Arena“ во саботата вечер, последната песна на Џон на вечерта – и целата турнеја – беше „Goodbey Yellow’s Brick Road“. Пред да ја изведе песната, Елтон одржа завршен говор пред 45.000 присутни за да им се заблагодари за поддршката во текот на неговата кариера.

Ја имав најубавата кариера … Неверојатно“, рекол Џон, пренесува „Ролинг Стоун“.

„Педесет години чиста радост од свирење музика … Колку имам среќа. Немаше да седам овде да не бевте вие. Купивте синглови, ЦД-а, албуми, касети … И уште поважно, купивте билети за концерти. Знаете колку сакам да свирам во живо. Бевте апсолутно прекрасни“.

Песната „Goodbey Yellow’s Brick Road“ првично беше објавена во 1973 година и беше втор сингл и насловна песна од седмиот студиски албум на Џон.

Поврзани вести

🎥Рекламата за пијалок на Блејк Лајвли е хит: „Ние тестираме на мажи, а не на животни“

Urednik

📷 Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт го честитаа Божиќ со нова фотографија од нивните деца

Radmila Tasevska

Тајната борба на позната актерка: „Поминав низ многу работи за кои никој не знаеше“

Urednik